Донаторски кампањи

 Кампања „Концертен клавир за Крива Паланка“

Кампањата за обезбедување на концертен клавир започна во 2024 година, во рамки на „Крива Паланка-Град на културата“ преку која беа собрани одредени финансиски средства. Истата продолжи и во 2025 година за обезбедување на дополнителна финансиска поддршка и донации со надеж дека ќе бидат собрани доволно средства за обезбедување на овој капитален музички инструмент. Кампањи беа организирани во рамки на повеќе културни нстани и манифестации што се реализирани во општина Крива Паланка.

За оваа цел, на 09.07.2025 година, беше склучен Договор за учество и спроведување на јавна кампања помеѓу Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“, ЛУ Градски музеј Крива Паланка и НУ Центар за култура Крива Паланка, а отворена е и наменска донаторска сметка.

Кампањата ќе продолжи и во 2026 година при што е планиранисредби со донатори, промотивни настани за истата, како и собирање донации во рамки на културните настани и манифестации што се дел од програмите на општината и културните институции.

Оваа активност е целогодишна и континуирана. Со набавката на концертен клавир видно ќе се зголемат можностите на општината и културните институции за организирање на настани и настапи на емиментни уметници.

Активности:
-Кампањи за време на културни настани и др.
-Промотивни активности (онлајн кампањи, спонзорирани објави, флаери, набавка на кутии за донации и др.)
-Средби со потенцијални донатори

Scroll to Top