За нас

Нашето мото е “Заедно за културата и филантропијата”

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ е продолжение на Фондацијата за развој на информатики технологии –Информатички центар, основана како правен субјект од страна на Општина Крива Паланка во 2006 година.Промената во Фондација „Со срце за Крива Паланка“ е извршена во 2018 година и делува како  јавна, транспарентна, непартиска и непрофитна организација.
 
Нејзина цел е развој на културата и филантропските активности преку  реализирање на проекти, размена на идеи и искуства и промоција на Крива Паланка пред домашната и меѓународната јавност. Делува на подрачјето на Општина Крива Паланка и пошироко, отворена е за соработка со организации, здруженија, фондации и иституции во земјата и во странство.
 
Фондацијата има клучна улога во поддршката на уметноста и културните иницијативи. Таа обезбедува средства и ресурси со кои се поттикнуваат креативноста и иновациите во заедницата. Исто така, Фондацијата промовира и социјална одговорност и заедништво, поттикнувајќи го активизмот, волонтеризмот и донаторството. Реализацијата на овие иницијативи ја збогатуваат културната сцена и придонесуваат за развојот на локалната заедница.

Визија

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ се стреми кон создавање динамична, културно богата  и солидарна и заедница во која културата,  филантропијата, креативноста и граѓанскиот активизам се двигатели на одржлив локален развој и позитивна промоција на Крива Паланка во земјата и во светот.

Мисија

Фондацијата „Со срце за Крива Паланка“ е  посветена на развојот на културата и филантропијата преку поддршка и реализација на квалитетни проекти, поттикнување на креативноста и иновациите, јакнење на волонтеризмот и донаторството, градење партнерства со домашни и меѓународни чинители, со цел унапредување на локалната заедница и нејзината видливост.

Основни вредности

• Култура • Филантропија • Транспарентност • Креативност • Соработка • Инклузивност • Заедништво

Цели

• Поддршка и реализација на културни манифестации и настани од локално и национално значење
• Поттикнување на филантропски активности и донаторска култура
• Подигнување на јавната свест за културата, хуманоста и социјалната праведност
• Зајакнување на соработката со институции, организации и поединци
• Поддршка на инклузивни активности насочени кон ранливи групи

Организациска структура

Scroll to Top