Манифестации

Манифестации „Бадник и Божиќ “

Овие манифестции се организираат со цел да се одбележат големите христијански празники Бадник и Божиќ преку  традиционални настани кои го негуваат духовниот и културниот идентитет на заедницата и кои се одржуваат со години наназад.

Активности:
-Бадникова поворка
-Делење на бадникови пакетчиња
-Избор на кум
-Традиционална празнична трпеза
-Хуманитарна акција за матуранти од социјално-ранливи семејства
-Празнична народна веселба
-Божиќен концерт

Манифестација „Водици“

Одбележувањето на празникот Водици претставува една од најзначајните духовни и традиционални манифестации во Крива Паланка. Настанот е посветен на празникот Богојавление и симболичното осветување на водите, збогатен со традиционалната манифестација „Пивтијада“ и други придружни активности.

Активности:
-Фрлање на крст во Крива Паланка
-Делење бесплатни пијалоци
-Делење пивтии и друга традиционална  храна
-Културно-забавна програма

Манифестација „Сусурига“

„Сусурига Фест“ е културно-етнолошка манифестација, која е востановена во 2024 година Како уникатен културен настан, таа е посветена на древниот кривопаланечки обичај на палење „сусурига-оган“ и маскирање по повод верскиот празник Прочка.
Целта е да се оживее и зачува богатото наследство на регионот преку огнени ритуали, маскенбали и народни веселби.

Активности:
-Дефиле под маски
-Фестивал на групни маски и креативни костими
-Ритуално  палење „сусурига“ – симбол на прочистување и нов почеток
-Богата придружна програма со музика, танци и локални гастрономски специјалитети

 Денот на Ромите „7-ми Април“

По повод Денот на Ромите предвидена е пригодна свеченост, со цел да се зголеми свеста за културното наследство и правата на Ромите, инклузија и почитување на различностите во општеството, како и придонес против дискриминацијата на оваа етничка заедница.

Активности:
-Организирање свечена прослава за ромската заедница

Смотра на олд тајмери

Смотрата на олдтајмери претставува уникатна манифестација посветена на љубителите на класични автомобили и мотоцикли, која ја оживува автомобилската историја и култура. Настанот има за цел да ги поврзе генерациите преку изложба на ретки и реставрирани возила, да поттикне интерес кај младите и да привлече туристи и ентузијасти од општината и регионот.

Активности:
-Изложба на класични автомобили и мотоцикли
-Дефиле низ градските улици
-Музичко-забавна програма
-Доделување признанија
-Фото зона и дружење

Свечена академија по повод Денот на „Свети Јоаким Крчовски“ и на сесловенските просветители „Свети  Кирил и Методиј“

Одбележувањето на патроните празници на  „Свети Јоаким Крчовски“  и на сесловенските просветители „Свети Кирил и Методиј“ претставува значаен културно-образовен настан, кој ја слави просветителската мисија, духовното наследство и јазичната култура на словенските народи. Манифестацијата има за цел да поттикне почит кон образованието, наставниците и учениците, како и да ја истакне важноста на образованието и културна самобитност.

Активности:
-Свечена академија- централен настан
-Доделување награди за најистакнати просветни работници и ученици
-Свечен концерт со настап на познати уметници

Патронен празник на Општина Крива Паланка „Свети Јоаким Осоговски“

Одбележувањето на патрониот празник на Општина Крива Паланка, „Свети Јоаким Осоговски“,  претставува еден од најзначајните културно-духовни настани во годината, кој обединува традиција, музика и заедништво.
По тој повод во општината доаѓаат голем број гости, посетители и иселеници, а главната цел е обединување на заедницата околу патроната слава и славеничката атмосфера.
Традиционално, за овој празник во општината се организира голема концертна прослава со настап на познати музички ѕвезди од земјата и од регионот.

Активности:
-Музички концерти  со познати естрадни ѕвезди од земјата и од странство

Ден на ослободувањето на Општина Крива Паланка „8-МИ ОКТОМВРИ“

Денот на ослободувањето на Општина Крива Паланка, „8-ми Октомври“ се одбележува со низа свечени и културни настани кои ја слават историјата, континуитетот и развојот на општината. Овој ден е посветен на историското ослободување на градот и претставува момент на благодарност кон сите кои придонеле за слободата и развојот на заедницата.
По тој повод во општината престојуваат бројни гости и делегации од збратимени градови, општини, соработници и заслужни граѓани за кои се организираат пригодни свечености.

Активности:
-Свечената академија
-Доделување на Осмооктомвриски награди и признанија
-Свечен концерт
-Манифестација „Шопска софра“ (презентација и дегустација на автентични традиционални специјалитети)

Новогодишен базар

Новогодишниот базар во Крива Паланка е традиционална празнична манифестација исполнета со музика, концертни настапи и забавни содржини.
 Овој настан е наменет за сите генерации и претставува идеална можност за празнично дружење, културно уживање и подготвување за највеселиот период од годината, во духот на заедништвото, обединувањето и славењето.

Активности:
-Предновогодишни празнувања
-Културни и музичко-сценски настани со дневна и вечерна програма
-Програма за најмладите

Scroll to Top